Состојки:
Тесто:
- 3 белки
- 50 гр шеќер
- 200 гр шеќер во прав
- 110 гр брашно од лешник
- Боја за јадење (по желба)
Крем:
- 100 гр бело чоколадо
- 0,5 дл шлаг
- 1 лажица сок од лимон
Постапка за припрема:
- Брашното од лешник (лешници мелени во блендер или ситно исецкани) измешајте ги со шеќерот во прав. Белките измиксирајте ги во 3 наврати и додајте го шеќерот. Во измиксаната белка нежно додадете го лешниковото брашно и шеќерот во прав
- Смесата ставете ја во округол калап. На лим обложен со хартија за печење истиснете ја смесата во кругови од 3 цм. Нека одстои 1 саат, додека да се направи кора. Печете 12-14 мин на 150° C .
- Оставете макаронсот да се изладат.
- Шлагот загрејте го и прелијте го преку чоколадата. Кога ќе се излади, додајте лимон и полнете ги макаронсот.
Готовите макаронс ставете ги во затворена кутија
