← НАЗАД НА БОЗА

Мали тајни кои жените секогаш ги чуваат за себе

Мали тајни кои жените секогаш ги чуваат за себе
55 Читања

Искреноста е темел на секоја добра врска, но не морате секој детаљ даму го откриете на вашиот партнер, затоа што тој често може да го доживее тоа подраматично, отколку што е.

Затоа жените некои мали детали кои никако не можат да и наштетат на врската, сепак ги задржуваат за себе, за да имаат мирна глава.

Малите тајни, кои речиси секогаш жените ги премолчуваат пред својот партнер:

Споредба со поранешно момче

Сосема е нормално да се спореди новиот партнер и вашата врска со искуството што го имате од претходната врска на самиот почеток на врската. Тоа воглавно ги исполнува сите оние критериуми, кои поранешното момче не ги задоволувало, но тоа не значи дека би му било пријатно да слушне дека сте го споредувале со вашето поранешно момче.

Чекајќи го неговиот повик

Кога се запознавте со вашето момче, чекавте нетрпеливо да ви се јави и да ве покани на состанок, но никогаш нема да го признаете тоа!

Мажите секогаш се на тест

Кога се во врска, жените им го анализираат секое движење, секој гест, секоја реченица на својот партнер, а ова тестирање никогаш не престанува. Освен анализата, тестот често вклучува и трик прашање, што партнерот мора да одговори за успешно да ја помине анализата на својата партнерка.

Кавгите служат за привлекување на внимание

Жените кои се чувствуваат запоставени во врската честопати ќе предизвикаат расправии само за да го привлечат вниманието на својот партнер.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk