И мажите и жените чезнеат за љубов, но она што ги зближува е секако прегратката која делува магично на човековата психа, особено кај жените.
Кога мажот ќе и пријде на жената, тој прави затворен круг. Тоа е кругот на нежноста, топлината и сигурноста и ја позиционира жената точно во средина на истиот. На тој начин во тој момент, мажот и дава до знаење на жената дека е дел од неговиот свет.
Во таква прегратка жената како да добива крила. Кругот на љубовта е мирен и удобен, па во него секоја жена се чувствува сигурно. На тој начин жената чувствува дека припаѓа некому, а тоа чувство е од непроценлива врендност за секоја жена.
Во прегратката исчезнуваат сите разлики помеѓу мажот и жената, а останува само искрената љубов –чувство кое нема цена и предизвикува длабока среќа во секој од нас.