After Midnight

МAЖИТЕ СЕКОГАШ БАРААТ ВРСКА НА СТРАНА! Жените често имаат заблуди во врска со неверството, затоа не им робувајте на предрасудите!

Односот може да се обнови, иако постоело неверство.

Бидејќи малкумина се подготвени отворено да разговараат за нивните искуства во водењето на “двоен живот”, поголемиот дел од она што луѓето го знаат за неверството се предрасудите.

Ви ги претставуваме најчестите заблуди во врска со неверството.

Парот по откривањето на неверството не може да биде среќен

Точно е дека е тешко да се врати довербата по неверството на еден од партнерите. Сепак, ова не значи дека не постои начин да се обнови односот. Во многу случаи, оние кои решаваат да продолжат, можат да изградат уште посилна врска. Вистината понекогаш е моќно оружје кое ви помага да закрепнете.

Не е неверство, ако не вклучува секс

Многу неверства се случуваат без секс. Дали тајната кореспонденција со некое лице што неодамна сте го запознале се смета за неверство? Можеби лицето кое го прави тоа не ја гледа вистинската состојба на нештата, но нејзиниот партнер тоа сигурно го доживува како неверство.

Можеме и емоционално да го предадеме партнерот, така што дел од времето, мислите и чувствата ќе и ги даваме на друга личност.

Мажите секогаш бараат врска „на страна“

Вистината е, всушност, дека аферите им се случуваат на луѓе кои никогаш не ги барале. Ова особено важи за случаите во кои партнерот изневерува само со едно лице. Афера често почнува како пријатно дружење со некого, потоа се развива интимност која може да прерасне во емотивна поврзаност од одреден вид. Ако некое лице изневерува, не мора да значи дека планирало да го стори тоа и порано.

Неверноста се должи на сексуалната привлечност

Се разбира, некои неверства се однесуваат само на сексот, но во многу случаи станува збор за емоционална поврзаност. Понекогаш дружењето и размената на нежност е токму она што се случува помеѓу неверниците.

Напиши коментар