
Состојки
- 1кг пилешко (најдобро е да се земат батаци, карабатаци и крилца)
- главица кромид
- 3 чешниња лук
- масло
- маринада за пилешко: 6 лажици сос од соја, 2 лажици вода, сок од лимон, изрендан лук, 2 лажички мед
- сол
Подготовка
Пилешкото треба да го маринирате еден ден. Чувајте го во маринадата во фрижидерот.
Исечете го крупно кромидот и ставете го во тепсија премачкана со масло. Лукот не го сечете, туку цел ставете го во садот. Додадете посолени компири. Пилешкото наредете го и прелијте го со целата маринада.
Печете на 200 степени еден час и послужете.
