Кардашијан сестрите во последно време ја затворија приватноста, па така и Кајли Џенер успеа сите фанови да ги стави во дилема.
Пред неколку месеци имавме можност да ја видиме на папарацо фотки кои покажуваат дека нејзиното тело е променето и дека со сигурност е бремена.
Неодамна пак, кружеа гласини дека таа можеби веќе се породила, бидејќи ја немаше на семејните портрети, а најновата кампања ги замисли сите.
Таа позира на неколку фотографии, каде јасно може да се забележи дека нема трудничко стомаче и нејзината фигура е во одлична форма. Таа е облечена во црно фустанче, како и на оние со бел горен дел, нејзиното тело изгледа подобро од било кога.
Сепак, на фотографиите каде е облечена во портокалов аутфит, Кајли изгледа како да го крие стомачето со ногата, што на сите им е збунувачко.
Иако времето кога фотосесијата била направена не е познато, 21-годишната Кардашијан-Џенер сестра, успеа да го привлече вниманието на сите.







