Мојата кујна

Модар патлиџан со пармезан

Потребни состојки:

  • 2 модри патлиџани исечени на 12 ленти
  • 100гр брашно
  • 6 белки од јајца
  • 250гр презла
  • 1 килограм сецкани домати на коцки
  • 200гр моцарела сирење
  • пармезан
  • свеж босилек

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Во 3 длабоки сада распоредете го брашното во едната, презлата во втората заедно со зачин по желба, и белките од јајца во третата. Секоја лента модар патлиџан натопете ја по следниот редослед – брашно, белки од јајца и презла на крај. Печете ги по 15 минути од секоја страна додека не добијат златна боја.

Во длабок сад за печење наредете еден ред модар патлиџан, ред сецкан домат, моцарела, и повторете додека имате смеса. На крај само наросете од пармезанот и спремни сте за печење (околу 15мин).

Декорирајте со свеж босилек.

Write A Comment