Sweet Home

Модерни теписи кои ве враќаат во минатото

Како волшебните теписи тие не носат во некои други времиња и на далечни места.

Тепихот е парче мебел кое дава топлина, чувство на дом, но исто така во голема мера го дефинира и стилот.

Од скапи традиционални теписи, кои со месеци рачно се изработуваат од природни материјали во Азија, преку поевтини синтетички верзии и ценети мали дизајнерски серии, изборот на модел на тепих е бесконечен.

Поради тоа направивме избор на теписи со карактер кои се доволно силни за да остават печат врз вашиот животен простор.

Иако по стилот видно се разликуваат, заедничка карактеристика им е моќта што ја поседуваат, како таа на волшебните килими да не однесат во некое друго време и на далечни места.

Проверете ја нашата галерија!

Write A Comment