Говорот на телото и начинот на кој ги правиме некои работи, зборува за тоа какви сме.
Постојат четири типа на женски карактери, кои ќе ги препознаете доколку ги посматрате како го ставаат градникот секој ден. Експертите за говор на телото велат дека работите што ги имаме, облеката што ја носиме и едноставните активности зборуваат за нашата психа, пренесува Daily Mail.
“Секоја личност има тенденција да прави работи на единствен начин, дури и секојдневните мали работи. Се што прават, и начинот на кој што тоа го прават, го дава впечатокот за луѓето. Нема причина долниот веш да не биде дел од тоа “, вели Пати Вуд, експерт за човечко однесување.
Ова се четирите начини на ставање на градникот:
Копчање и затегнување на градникот на грбот
Тоа покажува дека жената е добра поткрепа во животот, склона е кон почитување на традицијата и е верна на она што го прави. Промислена е, пријателски расположена и секогаш подготвена да помогне. За неа купувањето на градник е друштвен настан и веројатно ќе побара помош од пријателките во изборот.
Копчање на градникот од напред па вртење
Таа е влијателна и често е добра мотивација за другите. Многу е харизматична и сака да учи нови работи, но има и склоност кон тоа брзо да и досади се. Кога станува збор за изборот на градникот, таа најмногу избира светли бои и детали со кои ќе се чувствува посебно.
Носење на градник со копче напред, помеѓу корпите
Ова е жена која не сака да губи време. Цени соживот, ефикасност и работи со висок квалитет што ќе траат долго затоа што не сака да купува два пати. Склона е кон купување на марка производи, па такви и се и градниците.
Закопчување на градникот во рацете и навлекување преку глава
Таа е опседната со правила и ред. Така го става градникот затоа што сака да прави се од почеток, како што треба. По природата е склона кон анализирање. Градник не купува без прецизни мерки и стручни препораки. Најдобро се чувствува во спортскиот градник.
