
Колку и да е кучето најдобар пријател на човекот, понекогаш може да биде „непослушно“. Едно ново истражување покажало кои раси на кучиња се најнепослушни, а кои се најдобри во однос на тоа колку често тие лаат. Особено ако чувате куче во станот, не е лошо да знаете од кои раси можете да очекувате неуморно да лаат, а кои само понекогаш се огласуваат.
Едно ново истражување покажа дека самоједите се “најнепослушната” раса на кучиња, бидејќи најмногу лаат – во просек 52 пати на ден.
Оваа раса лае најмногу од тестираните раси, а веднаш зад нив е јоркширскиот териер, кој во просек лае 23 пати на ден. Зад овие раси следат пудлиците кои се „огласуваат“ во просек 22,2 пати на ден, бишон кој што лае околу 20,3 пати на ден и добермани кои ќе ги „слушнете“ околу 19,6 пати на ден.
Од друга страна, како најдобро куче на листата, во однос на тоа колку лае, се најде бернското планинско куче, кое лае само 3,1 пати на ден. Следено е од западношкотскиот териер кој што лае просечно 3,5 пати на ден, шетландски овчар кој се „огласува“ 6,1 пати на ден, американскиот стафордски териер кој што ќе го „слушнете“ 6,2 пати на ден, и шиба ину кој што лае 8,1 пати на ден.
