Здраво тело

Намирници за здрава коса

Сонцето, морето и прекрасната коса не идат заедно. Затоа, ако сте се вратиле од одмор и сте приметиле  дека имате испукани врвови, ќе го дознаете одговорот зошто тоа се случило.

Експертите препорачуваат веднаш штом ќе се вратите во реалност треба да ја скратите косата и да ја нахраните одвнатре и однадвор. Изберете производи – пакет или балсам за оштетена коса, и во исхраната, обидете се да ги вклучите следните намирници:

Риба

Лососот и скушата ќе ви помогнат да се борите против  губењето на косата, но секој друг вид на риба ќе ви го надомести железото што ја прави вашата коса поздрава и поубава.

Ореви

Ореви, бадеми и лешници се извор на цинк и селен,  минерали кои позитивно влијаат врз негата и зајакнувањето на коренот на косата.

Јајца

Протеините се незаменливи за здравјето на косата, и јајцата се еден од нив. Покрај тоа, тие содржат биотин кој ги гради фоликулите и ги прави посилни и сјајни.

Зелен зеленчук

Темно зелениот зеленчук, како што се спанаќот, бланките и брокулите, содржат железо и калциум, и тие се мелем за косата.

Банани

Вкусно жолто овошје е извор на витамин Б, кој го забрзува растот на косата и влијае на зајакнувањето на фоликулите.

Write A Comment