← НАЗАД НА БОЗА

Направете го трикот 4-7-8 и ќе заспиете за минута

Направете го трикот 4-7-8 и ќе заспиете за минута
178 Читања

Ако се рзабудите среде ноќ , долго размислувате пред спиење или сте нервозни пред некое случување и не можете да заспиете ова е метод кој мора да го испробате.

Решението за вашата несоница може да биде трикот под назив 4-7-8. Овој  метод за лесно заспивање  го пронашла Алина Гонзалес и решила да ја сподели на интернет.

– Се започна една недека пред венчавката на мојот најдиобар пријател.Тогаш мојот замор и нервоза достигнаа критична точка. Никако не можев да заспијам. Се поради тоа што морав да подготвам говор за венчавката. Мојата срамежливост и нервоза не ми даваа да спијам. По тридневнанесоница и грижа за престојната венчавка, побарав совет на мајката на невестата. Таа ми откри еден метод кој  требаше да ми помогне. Јас и поверував бидејќи таа жена со години спроведува сеанси со медитација и поседува лиценца за извршување на здравствена пракса. Што да кажам, нејзиниот совет ми го промени животот – признала Алина.

Овој метод е најдобро да се запамети како „4-7-8“. Она што треба да го направите е следното.

Сместете се во лежечка положба, така да ви биде удобно и топло.

– Затворете ги очите и длабоко вдишете низ нос. Вдишувањето за да ги наполните белите дробови треба да трае 4 секунди.

– Потоа задржете го воздухот, односно здивот во белите дробови цели 7 секунди.

– Потоа почнете лесно да го испуштате воздухот од белите дробови низ устата во траење од 8 секунди.

– Потоа повторете ја целата процедура 4-7-8.

Додека ова го правите можете да ги броите секундите во себе и да ги следите постапките на дишењето.

Со оваа вежба се забавува срцевиот ритам и се смирува. При тоа целата вежба се одвива многу брзо, само неколку повторувања. Иако изгледа како бесмислица , оваа вежба делува.

Алина признала дека откако ја направила вежбата се разбудила следното утро не сфаќајки колку брзо заспала.

Kога чувстувате стрес, загриженост или анксиозност, количеството на адреналинот во крвта расте, а дишењето станува плитко и забрзано. Затоа овој едноствен метод делува како седатив. Задржувањето на здивот со посебно споро издишување неминовно го забавува срцевиот ритам и тоа е целата филозофија на вежбата.

Исто така овој метод го смирува и умот. Само затоа што кога броите во себе сте сконцентрирани на дишењето. Во тој момент вие тоа не го сфаќате, но вашиот нервен систем полека ќе се смири, а чувството на загриженост ќе исчезне. Како резултат на оваа вежба целото тело се опушта, по брзината и силата на ефектот, овој метод е сличен на анестезија.

Со изучувањето на оваа техника се занимавал докторот по медицински науки од Харвард, Ендрју Вејл. Тој утврдил дека методот 4-7-8 веќе неколку векови е познат во индиската јога. Јогините ја користеле при медитација за постигнување на целосна релаксација, и може да се заклучи дека е целосно безопасна.

Доктор Вејл препорачува овој метод да го применувате во почетокот на секој ден по два пати со што ќе ја усовршите и секогаш ќе може да ја примените кога ви е потребно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk