Променливото време за овој период од годината, освен главоболка и поспаност, со себе носи и бројни вируси пропратени со воспаление на синусите, кашлање и целокупен пад на имунитеот. Сакате на природен и здрав начин да го зајакнете телото и да ја победите настинката и вирусот? Пробајте со овој едноставен рецепт.
Состојки:
*6 лимони
*1 поголемо чешне лук
*2 лажичиња ѓумбир во прав
*2 лажичиња мед
* чаши сок од ананас
*1/4 лажиче лут пипер во прав
Подготовка:
Во блендер исцедете ги сите 6 лимони
Додадете ги сите останати состојки и добро изблендирајте ги додека не добиете изедначена смеса.
Содржината ставете ја во стаклен сад и оставете ја во фрижидер.
Секој ден пијте по 4 чаши од пијалокот се додека симптомите на насинката не исчезнат.
