Во секое време можеме да го промениме нашиот изглед. Малку шминка или поинаква боја на коса ќе ве преобрази за секунда! Меѓутоа, верувале или не, можете да станете попривлечни дури и да не го промените сопствениот изглед. Промените во држењето на телото, нашите движења и облека влијаат на тоа како нѐ перципира околината. Следниве 7 трикови ќе ви помогнат да станете попривлечни…
1. Бидете хумани
Несебичното помагање на другите е поважна карактеристика од физичката привлечност. Постои истражување кое покажало дека згодните мажи кои им давале пари на бездомниците, им биле попривлечни на жените, за разлика од згодните мажи кои поминувале покрај бездомници без да им понудат помош. Но тоа важело само за жените кои се изјасниле дека бараат партнер за сериозна врска.
2. Користете комплименти во вид на споредби и метафори
Ова го докажале Кинезите со едно нивно истражување. Комплиментите од типот „имаш очи како небото“ постигнувале поголем ефект кај жените во споредба со комплиментите како што се „имаш прекрасни очи“. Причината е тоа што метафорите и споредбите бараат повеќе труд и укажуваат на повисока интелигенција.
3. Гледајте ги луѓето во очи и насмевнувајте се
Гледањето во очи е корисна техника на флертување, но и може да ве направи попривечни. Уште поефикасно е ако притоа се насмевнете.