← НАЗАД НА БОЗА

Не обрнувај внимание на навредите од луѓето, но ниту на нивните пофалби

Не обрнувај внимание на навредите од луѓето, но ниту на нивните пофалби
118 Читања

Дали способноста да не обрнувате внимание на останатите луѓе, може да ви помогне да постигнете внатрешен мир?

Некои велат дека позитивните и негативните критики се главни виновници за животниот успех, но што ако барем накратко престанете да ги слушате сите тие коментари?

Иако кратка, сепак оваа приказна може да ве промени и да ви докаже дека некогаш е во ред да не ги послушате навредите, но и пофалбите на другите луѓе, туку едноставно да се движите по својот пат:

Еден ден, ученикот му пришол на својот учител и го запрашал невообичаено прашање, а тоа било како најмногу да му угоди на својот Бог.

– Оди на гробишта и навреди ги мртвите – му рекол учителот.

Ученикот направил како што му било речено и следниот ден повторно дошол кај својот учител.

– Дали ти одговорија? – прашал учителот.

– Не, не ми одговорија – рекол ученикот.

– Тогаш оди повторно, но овој пат пофали ги.

Ученикот го послушал својот учител и тргнал повторно до гробиштата, но овојпат ги пофалил мртвите. Истиот ден, ученикот се вратил кај својот учител, кој повторно го прашал дали нешто мртвите му одговориле овој пат за укажаните пофалбите.

– Не ми одговорија – рекол ученикот.

– За да му угодиш на Бога, однесувај се како нив – рекол учителот. Не обрнувај внимание на навредите од луѓето, но ниту на нивните пофалби. Само така, ќе го создадеш својот пат.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk