ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 гр бисквити
* 500 мл слатка павлака
* 3 јајца
* 11 лаж. шеќер
* 3 лаж. нескафе
* малку млеко за бисквитите
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Слатката павлака се мати со половина од шеќерот. Во посебен сад се матат јајцата со останатиот шеќер се додека смесата не стане кремаста. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша.
Секоја бисквита ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме една ноќ во фрижидер.
