After Midnight

НЕЗАДОЛЖИТЕЛЕН СЕКС СО БИВШИОТ: Разумот вели не, а науката?

Според две истражувања објавени во научното списание “Archives of Sexual Behavior”, сексот со поранешниот партнер воопшто не е лоша работа и нема да го забави процесот на преболување, дури и ако раскидот бил болен.

Во првото истражување, спроведено од истражувачи на три престижни факултети, 113 двојки кои штотуку се распаднаа одговорија на прашања во врска со односот со бившиот.

Некои од прашањата беа дали имале физички контакт, колку ентузијастички се чувствувале во нив и како се чувствувале емотивно на крајот од денот.

Во едно друго истражување, спроведено од страна на истите научници, 372 луѓе биле прашани како се чувствувале откако имале секс со поранешниот, или дали се уште биле емотивно приврзани кон нив.

Двете истражувања покажаа дека сексот со поранешниот дефинитивно не предизвикува дополнително “кршење на срцето”, дури и ако тоа го направите повеќе пати, како и мнозинството вклучено во истражувањето.

Оние кои рекоа дека се чувствувале најмногу емоционално поврзани со нивните поранешни љубовници, најмногу бараа секс, веројатно затоа што се обидувале да ја пополнат болната емоционална дупка што била создадена од прекинувањето.

Меѓутоа, можеби и најважно, истражувачите откриле дека сексуалниот однос со бившиот не предизвикал поединците да се чувствуваат полошо поради прекинувањето. Напротив – се чувствуваа попозитивни поради целата ситуација.

Докторот Стефани Спелман вели дека наместо да ги осудуваме, треба да се фокусираме на критичко размислување за мотивацијата за желба за секс со бившиот.

Напиши коментар