Едно истражување на канадските научници покажа дека секој прекумерен потез на додворување е контрапродуктивен.Ако мислите ќе привлечете некого така што секојден ќе го оптеретите со пораки, ќе му испратите песни од саат на саат, убави слики или снимки, дефинитивно сте во лош правец. Поголеми се шансите да ја одбиете другата страна наместо да ја привлечете.
Едно истражување на канадските научници покажа дека секој прекумерен потез на додворување е контрапродуктивен.Претерување со пораките, честите повици на телефон, чекање пред работното место – никој не го сака тоа. Ова особено важи и за случаеви кога партнерите раскинале, а еден од нив сака да се смири. Истражувачите заклучиле дека иако другата страна размислува да ја обнови романсата, ваквата посесија ќе ја оддалечи од вас.
Речиси 80 проценти од испитаниците одговориле дека интензивните чекори на поранешната љубов биле клучни за никогаш да не им се вратат. Половина пателе поради тоа, нагласувајќи дека сеуште постојат емоции, но поради вознемирувањето, морале да се одлучат за конечно повлекување.