Free zone

Од значење е на кој прст се носи прстенот

Прстен на палецот се препорачува да носат луѓето кои имаат силен карактер, емоционалните и моќните, луѓето со огромна енергија. Во хиромантијата палецот одговара на Марс и прстенот, кој се носи на палецот, го смирува и го одржува темпераментот. Прстен на палецот носат мажите кои се силни и тврдоглави. Но кога избираат да го носaт овој прстен на палецот, тие интуитивно се обидуваат да ја намалат својата агресија. Прстенот на покaзалецот хиромантите препорачуваат да го носат луѓето кои се колебливи и лесно се вознемируваат. Овој прст го отелотворува Јупитер и прстенот на него ја зголемува смооценката. Прстенот на показалецот носи успех и среќа, дарува внатрешна сила, помага за порационално размислување. Многу големи воени умови носеле прстен на показалецот. За овој прст се идеални златните прстени. Прстен на средниот прст се препорачува да носат луѓе кои имаат чувство дека во последно време не им оди.

Тоа е прстот на Сатурн, кој донира сила, мудрост и здрав разум. Средниот прст е погоден за семејни прстени, кои се пренесуваат по наследство. Средниот прст е соодветен за прстени од различни видови метал. Прстенот на средниот прст донира чувство на сопствено достоинство. Прстенот на средниот прст ќе им помогне на луѓето кои се стремат кон слава и богатство. Тоа е прст на Сонцето. Тој ја нагласува љубовта кон убавината и саканите предмети. Прстен со симбол на Сонцето на овој прст привлекува богатство и љубов. Спокојните луѓе треба да носат мали прстени на овој прст, а емоционалните – големи прстени. Прстен на малиот прст се препорачува на оние кои имаат потреба од елоквентност и остар ум. Тоа е прст на Меркур, кој е заштитник на бизнисмените, политичарите и лекарите.

Прстенот на малиот прст помага при деловни контакти и ја донира способноста да се комуницира лесно со луѓето. Прстен на малиот прст штити од коцкање и авантури, како и од неверство.

Напиши коментар