After Midnight

ОВA МОЖЕБИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРИЧИНИ поради кои не сте им привлечни на другите луѓе

Првиот впечаток е многу важен,тоа сите ние го знаеме, но привлечноста е релативна работа – врз неа влијаат некои работи за кои никогаш не би помислиле дека би можеле да имаат влијание.

Прочитајте и ќе дознаете на кои “мали нешта” треба да им посветите малку повеќе внимание и да се справите со нив.

Лоши навики на масата – ако сакате втор состанок, внимавајте како јадете, а ако сте во ресторан, бидете љубезни кон келнерот.

Недостаток на смисол за хумор – луѓето кои немаат смисол за хумор се оценети помалку атрактивни од истражувањата спроведени на Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего.

Мирис – ова е чиста биологија. Луѓето кои ни имаат одбивен мирис, едноставно не се за нас.

Недостаток на хоби – луѓето кои немаат хоби немаат интересно опкружување. “Има многу повеќе атрактивни луѓе кои чувствуваат страст кон нешто и уживаат во хоби”, вели психологот и секс-терапевтката Rachel Needle.

Недостатокот на сон – истражување спроведено во Шведска и Холандија во 2010 година покажа дека ненаспиеноста во голема мерка влијае на тоа колку сме атрактивни.На испитаниците им беа прикажани фотографии од луѓе кои што спиеле осум часа и оние кои не спиеле 31 час. Оние кои што спиеле повеќе беа окарактеризирани како попривлечни.

Прекрстени раце – ако имате став со прекрстени раце, вие им испраќате на луѓето порака дека сте недостапни и резервирани. Кој го сака тоа?

Злобни – во анкетата спроведена во Кина, од испитаниците беше побарано да стават различни лица во соодветни категории – лути, расипани, пристојни и мили, и да кажат кои лица им се привлечни. Се испостави дека само луѓето кои што беа во категориите пристојни и мили беа привлечни.

Write A Comment