After Midnight

Ова се 4 фази кои мора да ги поминете пред да почнете врска

Многу луѓе се жалат дека не можат да најдат љубов. Сепак, фактот дека љубовта не доаѓа едноставно значи дека тие се уште не се подготвени за тоа. Наместо да се жалат, тие едноставно треба да работат на себе и на нивната самодоверба.

 

Постојат четири фази во самодоверба, кои секој од нас мора да помине пред да биде подготвен да започне врска со некого.

  1. Треба да се запознаете самите себеси

 

За да може некој да ве запознае преку врската, треба прво вие сами себеси да се запознаете. Тогаш ќе знаете што да очекувате од партнерот, а тој ќе може да го види тоа и да го обезбеди.

 

  1. Процени ги луѓето според тоа што го зборуваат и прават

 

За да бидете навистина подготвени за врската, најважно е да научите да ја гледате личноста која ви се допаѓа, објективно, без идеализација. Ако во дадена ситуација истата личност неубаво се однесувала со вас, не го заборавајте тоа.Слушајте и што ви зборува, со тоа спонтано ќе дознаете многу за себе. Ако видите дека нешто не ви одговара, едноставно не се обидувајте да се прилагодите.

 

  1. Станете независни

 

Независноста е една од најубавите карактеристики на возрасните, така да одделете се од вашите родителите кога сте способни да го направите тоа. Тие, иако со најдобра намера, постојано ќе имаат потреба да се мешаат во вашата врска.  Тоа не води никаде, и можеби причината за вашата осаменост се крие во тоа што сеуште слушате премногу. Се разбира дека ова не значи дека треба целосно да ги исклучите родителите од вашиот живот, туку дека едноставно треба да донесувате сопствени одлуки ако сакате да бидете среќни.

 

  1. Сменете ги околностите

 

Нема да ја најдете љубовта во вашите 4 ѕидови. Мора да ја напуштите комфорт зоната и да дозволите да запознаете други луѓе. Со нови познанства, најдобро ќе можете да процените колку вистински сте напредувале. Колку сте станале отворени и дали сте конечно подготвени за љубов.

Напиши коментар