Понекогаш е тешко да се знае што мисли другиот, но има сигнали кои ќе ви дадат до знаење дали вашиот партнер со вас планира сериозна и долга врска.
Ги имате истите цели
Двајцата сакате да живеат во ист град, сакате да посетите исти земји и имате иста идеја за создавање или несоздавање на семејство. Се разбира, вие не мора да ги сакате сите исти мали нешта, но важно е дека одите низ животот во иста насока.
Се разбирате меѓусебно
Ја почитувате меѓусебната приватност и ги препознавате потребите на вашиот партнер. Јасно ви е како треба да реагирате во одредени ситуации и разбирате кога треба да дејствувате, а кога треба да го пуштите партнерот сам да го реши својот проблем.
Сте поминале низ различни ситуации
Ако помагавте еден на друг во тешки ситуации, тоа сигурно додатно ве зближи и ја стабилизираше вашата врска, затоа што сте успеале да ги надминете тешкотиите што ви се нашле на патот.
Иако вашата врска не се врти околу сексот, тој е одличен
Физичката привлечност е важна, но не и најважна. Пред сè, важно е да знаете дека вашиот партнер примарно ментално ви одговара. Сепак, сексот игра голема улога во врската, па не е лошо ако вашиот партнер и по долга врска ве остава без здив.