After Midnight

Ова се три работи кои ќе ви помогнат успешно да го подобрите сексуалниот живот

Сексуалните техники може лесно да се научат, но не значи дека ќе бидете секси. Она што е важно и што се брои во сексот е работите што го прават подобар, а всушност со самиот чин немаат речиси никаква врска.

Грижа за себе – задоволната личност е сексуално привлечна. Едното повлекува другото. Дали сте забележале како овие луѓе се фокусирани во креветот. И надвор од него. Без никакво чувство на вина, тие го прават главно она што го сакаат, додека жените се жртвуваат за другите. Нема да навлеземе длабоко во оваа проблематика, но ќе пробаме да научиме нешто од фактите, а тоа е – да се задоволиме себеси.

Грижата за себеси не е само заминување во сауна, на масажа, вежбање на јога и ставање на ноќна крема на лице. Грижата за себе е многу повеќе од тоа, тоа е прифаќање на себеси и заљубување во себе. Тоа значи да ги слушате своите желби и потреби и да ги исполнувате. Жената која знае што ја прави среќна и на која не и е страв и срам да ги исполни своите желби, е жена со која секој сака да биде – во кревет и надвор од него.

Внимание – во што е разликата помеѓу добриот и одличниот секс? Во вниманието што го посветувате на својот партнер и тој на вас. Слушајте го додека зборува, гледајте го во очи. Допирајте го и гледајте како реагира на вашиот допир во текот на денот. Применете го истото во кревет.

Прехрана – ова е многу едноставно – вие сте тоа што го јадете. Ако по цел ден грицкате чипсови и друга нездрава храна, тешко дека ќе бидете опуштени во креветот. Подуениот стомак … не е нешто практично ниту пожелно во сексот. Затоа јадете здраво и чувствувајте се добро одвнатре. Мазната цврста кожа без целулит и фит телото ќе направат да бидете задоволни со самите себе, а потоа и останатите ќе бидат маѓепсани од вас.

Write A Comment