← НАЗАД НА БОЗА

Овие 5 знаци покажуваат колку сте всушност емоционално интелигентни

Овие 5 знаци покажуваат колку сте всушност емоционално интелигентни
57 Читања

Емоционалната интелигенција претставува свест за вашите чувства. Ако сте свесни за начинот и количеството на влијание на емоциите врз вашиот живот, вие сте емотивно свесни. Луѓето со висока емоционална интелигенција полесно функционираат во животот.

Постојат неколку знаци кои едноставно откриваат колку сте емотивно интелигентни:

  1. Вие сте благодарни за она што веќе го имате

Кога вашиот фокус е на она што веќе го имате, вие сте повеќе способни да поставувате нови цели пред вас и да ги постигнувате. Бидете секогаш благодарни за она што го имате, бидејќи во секое време можете да останете без вашите вредности, кои не сте ги ценеле доволно , поради тоа што сте копнееле за она што сте го немале.

  1. Знаете дека никој не е совршен

Свеста дека секој од нас има маани е драгоцена, затоа што ве мотивира да работите на себеси. Всушност кога сте свесни дека имате недостатоци, едноставно започнувате да работите на нивно исправување.

  1. Вие сте љубопитни

Вие сте толку љубопитни што постојано барате нови знаења. Вашата позитивна енергија и љубов кон животот ги тера луѓето едноставно да ве обожаваат.

  1. Емпатични сте

Вие сте во состојба да ги разберете и утешите другите, што значи дека сте многу емоционално интелигентни.

  1. Вие се грижите за вашето физичко и ментално здравје

Луѓето кои имаат развиена емоционална интелигенција, знаат дека здравјето, како физичкото така и менталното, е многу важно. Едноставно, емотивно свесните луѓе ќе се грижат за нивниот начин на живот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk