Истражувачите се согласуваат дека недостатокот на отворена комуникација е најголемиот проблем во врската и во бракот, но исто така е и една од главните причини за разделбае на партнерите.
И не, отворената комуникација не подразбира размена на основни информации, како што е договорот што ќе вечерате, кој ќе ги собере децата од градинка или кој ќе оди во продавница по леб и млеко.
Таа подразбира јасно изразување на своите ставови, мислења и чувства кон другиот, без страв дека ќе бидат исмеани или осудени.
Кога последен пат со партнерот искрено разговаравте за своите чувства, желби и сништа?
Дури и ако сте сакале, веројатно други работи ви се испречиле во плановите. Требало да се зготви јадење за семејството, да се слушнат вести на телевизија …
Да си признаеме, секогаш ќе се најде нешто што ќе го наруши разговорот. Баш затоа постојат повеќе од оние кои веруваат дека повременото преправање дека нема струја во домот е одличен начин за подобрување на односот во врската или бракот. Знаете за што зборуваме затоа што тоа сигурно ви се случило барем еднаш во животот. Снемало струја, и по петнаесетина минути паничење затоа што немате е-маил и не можете да му испратите порака на шефот или храната што би можела да се расипе во фрижидерот, почнавте да се опуштате.
Експертите се согласуваат дека е добро одвреме-навреме да се исклучите од сè, да се преправате дека струјата во куќата исчезнала и да му се посветите само на својот партнер.
