Потребни состојки:
– 4 кришки леб
– 1 сецкана пиперка
– 1 сецкан домат
– 4 сецкани шампињони
– 100грама рендано сирење
– 4 лажици кечап
– малку сол
– малку шеќер и
– малку оригано и зејтин
Подготовка:
Испржете го зеленчукот во подгреано тавче со малку зејтин, пржете додека зеленчукот не омекне, откако ќе омекне додадете малку сол и малку зејтин.
Нанесете го кечапот не кришките,потоа врз него ставете го зеленчукот, ренаданото сирење и оригано по вкус.
Печете во загреана рерна, додека не се растопи сирењето и лебот не стане крцкав.
Сервирајте со кечап.
Пријатен апетит.
