Состојки (за 4 особи)
Тесто:
- 1/2 кг брашно
- 1 сув квасец
- 1 јајце
- 2 дл млеко
- 2 дл јогурт
- малку сол
- 1 прашок за пециво
Полнење:
- Сирење Гауда или Ајдамер
- Салама (најдобро одговара шунка)
Припрема:
Сите состојки измешајте ги во тесто, оставете го тестото да се подигне додека не се удвостручи. Потоа, развалете ги, исечете го во коцки ли во правоаголници и полнете го со сирење и шунка кои претходно сте ги исецкале на тенки, ситни парченца.
Ставете ги состојките на средина и добро притиснете ги краевите за да не истечат состојките додека се печат.
Обликувајте ја пирошката и ставете ја во рерна да се пече додека не добие златно-жолта боја.
