After Midnight

Подарете му чоколадо и уживајте

Малку чоколадо не може да му наштети … тоа може само да ви донесе повеќе задоволство, велат научниците.

Најверојатно веќе сте слушнале дека на чоколадото му се припишуваат афродизијачките својства. Тоа е богато со триптофан, кој е составен дел на серотонинот, хормонот кој е важен за сексуалната возбуда.

Друга важна состојка во чоколадото е фенилетиламин, стимуланс сличен на амфетаминот, кој се ослободува во мозокот кога се вљубуваме. Се само добри работи.

Но, како што (наводно) го буди либидото, чоколадото, исто така, може да ја поттикне реакцијата на еротска содржина кај мажите. Едно неодамнешно истражување покажа дека мажите кои добиле инекција со протеини кои се наоѓаат во чоколадото се чувствувале повозбудени откако научниците им пуштиле порнографска содржина.

Научниците од Империјалниот колеџ во Лондон го анализираа протеинот киспептин во ова истражување, и се испостави дека тој влијае врз специфична мрежа на неврони кои се поврзани со помала аверзија кон сексот и се “здружени” за поголема возбуда.

“Секој трет човек барем еднаш во животот се соочил со периоди на намалено либидо”, вели д-р Александар Комнинос кој го предводеше истражувањето, пренесува британски “Метро”.

“Ако оваа состојба продолжи, таа може да има разурнувачки ефект врз менталната состојба на лицето, но и врз односот со партнерот. Нашите наоди помагаат подобро да се разбере комплексната улога на хормонот киспептин кој значително влијае врз репродуктивните хормони, сексуалното и емоционално здравје.”

Во едно истражување објавено во списанието Journal of Clinical Investigation Insight, се заклучува дека киспептинот го подобрува либидото и ги ублажува симптомите на депресија.

Како и да свртите, малку чоколадо не може да ви наштети.

Write A Comment