Поранешниот член на групата “Битлси”, Пол Макартни, во интервјуто за списанието “Times” објави дека имал визија за Бога пред многу години додека бил на “trip” откако зел дрога.”- Го видов Бога, тоа неверојатно величенствено нешто, и бев понижен. Овој момент не го промени мојот живот, но тоа беше знак “, изјави 76-годишниот Макартни и додаде – верувам дека постои нешто повеќе. Музичарот, исто така, рече дека верува дека најблиските кои умреле “овде се и нè гледаат нас”. Дел од вас мисли дека за тоа нема докази, но има дел кој сака да верува”, рече тој.

Макартни ќе издаде нов соло албум “Egypt Station” на 7-ми септември, а тоа е неговиот 17-ти студиски албум.

