Free zone

Поради ОВА секогаш ќе треба да ја исперете облеката пред носење

Повеќето жени сакаат шопинг и кога купуваат нешто ново,  сакаат веднаш да го облечат. Без разлика дали тоа е нов фустан или нов пар фармерки, како да е единественото парче облека што го имаат и не сакаат да облечат ништо друго.

 

Добар дел го избегнуваат првото перење на нови работи, но тоа е нешто што дефинитивно треба да го направите. За почеток, само размислете низ колку раце и по какви магацини поминаледодека да се однесат до продавницата од каде што сте купиле, и ако тоа не е доволно за вас, само помислете колку луѓе го пробале пред вас.

 

Покрај тоа, важно е да се знае дека хемикалиите што се користат во производството на облека ја иритираат кожата и може да предизвикаат разни проблеми со кожата, како што се осипот и псоријазата.

 

Некои од овие хемикалии се помалку штетни, но, секако ако сакате да ги избегнувате здравствените проблеми, исперете ја облеката пред облекувањето.

Напиши коментар