← НАЗАД НА БОЗА

ПОСЛЕ ТОА ВЕЛАТ ДЕКА Е НАЈДОБРО: Прашањето кое ги мачи сите родители – кога првпат треба да имате односи по раѓањето на детето?

ПОСЛЕ ТОА ВЕЛАТ ДЕКА Е НАЈДОБРО: Прашањето кое ги мачи сите родители – кога првпат треба да имате односи по раѓањето на детето?
29 Читања

Истражувањето беше спроведено кај илјадници мајки на возраст помеѓу 27 и 37 години.

Ако неодамна сте родиле, разбирливо е дека сте загрижени за првиот секс по породувањето. Добрата вест е што некои жени тврдат дека сексот откако тие станале мајки им е подобар отколку порано.

Ова се податоците од истражувањето на апликацијата Peanut спроведено меѓу илјадници мајки на возраст помеѓу 27 и 37 години. Целта на истражувањето беше да се одреди квалитетот на сексуалниот живот пред и по породувањето.

Заклучокот е дека бебето нема да предизвика штета кога станува збор за акцијата во креветот. Дури 74 проценти од мајките велат дека квалитетот на нивниот сексуален живот сега е ист или подобар од порано, а 61 проценти велат дека чувствуваат поголема желба за секс.

Нервозата поради првиот однос по породувањето е вообичаена: 62% од новопородените мајки го почувствувале тоа, додека 45% признале дека имале секс додека децата помали од една година биле присутни во истата соба.

“Промените во нивото на естроген и доењето можат да предизвикаат побавно враќање на либидото”, вели гинекологот Хектор О. Чаа за списанието Health.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk