Новости

Повторно ќе оживее најпознатата кукла!

И тоа со помош на “мрачниот” пердув на Гилермо дел Торо.

Креаторот на филмот “Обликот на водата”, кој оваа година доби Оскар, Гилермо дел Торо, конечно за прв пат ќе режира анимиран филм и тоа за најпознатата кукла која само сака да стане вистинско момче – Пинокио!

Дел Торо од Netflix доби “зелено светло” да направи нов “Пинокио”, кој ќе биде музичка верзија на добро познатиот Дизни класик и приказна за деца. Режисерот ќе го напише и ќе го продуцира филмот.

Се разбира, бидејќи тој го создава целиот филм, се чини дека ќе стане збор за “помрачна” приказна за куклата, бидејќи директорот директно ќе црпи инспирација од стилот на Gris Grimli, кој црташе илустрации за романот “Adventures of Pinocchio” на Карл Колоди од 1883. година.

Филмот се одвивал во Италија во триесетите години на 20. век, во времето кога фашизмот беше во пораст, а Бенито Мусолини ја зајакнувал контролата врз државата. Продукцијата “Пинокио” ќе започне до крајот на есента.

“Не постои уметничка форма која имаше влијание врз мојот живот и работа повеќе од анимацијата, и ниту еден лик од историјата со кој бев поповрзан од Пинокио. Во нашата приказна, Пинокио е една невина душа што таткото ја запоставува, и се губи во светот кој не го разбира. Тој оди на неверојатно патување по кое што ќе го разбере и својот татко и реалниот свет таков каков што е. Сакав да го снимам овој филм откако знам за себе, а по извонредното искуство со филмот “Trollhunters”, благодарен сум што талентираниот тим на “Netflix ” ќе ми овозможи конечно да ја запознаам публиката со мојата верзија на чудесната кукла – момче”, рече Гилермо дел Торо.

Гилермо беше продуцент на анимираните филмови како што се “The Book of life” и “Kung Fu Panda 3”, но ова ќе биде неговото режисерско деби во анимираниот свет, и ќе го зајакне, како што и самиот истакна, односот со “Netflix”. Резултатот од оваа соработка е наградената серија “Trollhunters”.

Дел Торо, исто така, ќе се појави во играта на Хидео Коџима, “Death Stranding”, а кога станува збор за Пинокио, овој филм нема ништо заедничко со играната адаптација која ја подготвува Дизни.

Потсетете се на стариот цртан филм:

Write A Comment