← НАЗАД НА БОЗА

Пропорции на вагината – Што е мало, а што големо наспорти просекот

Пропорции на вагината – Што е мало, а што големо наспорти просекот
63 Читања

Прашањето за големината на вагините отсекогаш било мистерија, кое често  го поставуваат мажите после разговорите за големината на нивните пениси. Сега ви ги донесуваме стандардните мерки за женските гениталии.

Вагинален канал

Вагината е мускул, кој како сите други во телото, се стега и опушта. До опуштање доаѓа поради недостаток на вежби и пораѓање, а најпознати се Кегеловите вежби со кои се затегнуваат нејзните .

Сите вагини се прошируваат за време на сексот, а бројот на односите не влијае на големината.

Според студија спроведена на повеќе од 200 жени, вагиналниот канал во просек е долг 9,6 сантиметри, а широк од 2,5 до 3,5 сантиметри. Во студијата учествувале и две жени со ширина од 2,1 cm, двете сексуално активни и со болки при сексот.

Големи усни

Спаѓаат во надворешните делови од вагината кои ја штитат, а ги опкружуваат малите усни. Големите усни во просек се долги околу 8,1 cm, што одговара на големината на просечниот лак за нокти.

Сепак, распонот е значително поголем од тоа, а во студијата изнесува од 4,5 до 11,5 сантиметри. Големината на усните нема врска со големината на вагината, а интересно е дека усните се намалуваат како што старее жената.

Мали усни

Се нарекуваат уште и внатрешни усни, а го опкружуваат самиот отвор на вагината. Интересно е дека левата мала усна во просек е нешто поширока – околу 2,1 cm, а десната околу 1,9 cm. Левата мала усна во просек е долга околу 4 cm, додека десната е долга околу 3,8 cm.

Како и кај големината на големите усни, ниту големината на малите нема врска со големината на вагиналниот отвор, односно канал.

Клиторис

Како и кај другите делови од телото, постои навистина голем распон на големината на клиторисот кај жените. Клиторисот уште се нарекува и надразнувач, а единствената улога му е сексуално задоволство.

Просекот на ширината на клиторисот изнесува околу 0,8 cm, додека распонот на ширината кај учесничките во студијата изнесувал од 0,2 до 2,5 cm.

Просечната должина изнесува 1,6 cm, со распон од 0,4 до 4,0 сантиметри. Големината на самиот клиторис нема влијание на интензитетот на женското задоволство.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk