Анализирајте ги следните четири точки и можеби ќе ви биде полесно да дознаете дали вашата врска е во криза
КОМУНИКАЦИЈА
Ова е сериозен проблем. Комуникацијата е една од клучните работи за успехот на секоја врска, од љубовен и пријателски однос до семејство. Ако забележите дека во последно време не се смеете на истите работи, а дискутирате само за храна или местото каде што ќе се најдете, време е да седнете и сериозно да разговарате.
ГЛЕДАТЕ САМО ДЕФЕКТИ
Ако ги игнорирате добрите особини на вашиот партнер и ги гледате само неговите недостатоци, секогаш ќе бидете несреќни со него и со вашата врска. Обидете се да се фокусирате на добрата страна на вашиот партнер и присетете се зошто сте во контакт со него.
ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ КАРАТЕ
Ако забележите дека сте постојано нервозни и подготвени да се карате со партнерот, дури и околу малите нешта, размислете дали таму постои подлабок проблем.
НЕМАТЕ ВРЕМЕ
Не се сеќаваш кога бевте последен пат во кино, во театар, или на пат? Запрашајте се зошто ова е променето и разговарајте со вашиот партнер за промена на оваа состојба.