Што мислите, кои зборови во љубовта се посилни, изговорените или напишаните? Еве што вели науката…
Можете телефонски да и изјавувате љубов на девојката по сто пати дневно, но доколку никогаш не сте и напишале писмо или мејл, сте згрешиле.
Предноста на пишаниот пред изговорениот збор ја утврдиле и научниците од Универзитетот во Индијана врз основа на истражувањето во кое студентите добиле страсни имејлови и говорни пораки. Емотивното возбудување на испитаниците било значително поголемо во првиот случај, што научниците не ги изненадило.
Кога пишуваме, имаме можност да го кажеме токму тоа што го мислиме и чувствуваме, да го составуваме текстот внимателно одбирајќи зборови кои ќе ги доловат нашите чувства. Личноста која чита има доволно време да ги сфати сите информации, кои во разговорите често пати се губат. И затоа, пишувајте, па макар тоа било и имејл (електронска порака). А, секој може да напише и љубовно писмо, кое било и ќе остане еден од најромантичните гестови.
За почеток, не глумете, туку на хартија ставете сè што чувствувате. Лажните зборови лесно се забележуваат, како и цитатите што сте ги „украле“ од некој поет и писател. Не размислувајте премногу со желба писмото да изгледа совршено. Тоа треба да ве отсликува вас, да биде искрено и спонтано.
