← НАЗАД НА БОЗА

Разликите помеѓу успешните и неуспешните луѓе

Разликите помеѓу успешните и неуспешните луѓе
93 Читања

Успехот е многу суптилна работа. За да го постигнете треба да бидете издржлива, да имате позитивен став и да бидете способна и отворена личност.

Веб сајтот  BrightSide направи водич со чија помош можеме да разбереме како точно една успешна личност се разликува од неуспешната.

Препрочитајте го овој текст во моментите кога ви се чини дека ништо не ви оди по план.

Успешните луѓе: покажуваат благодарност и даваат комплименти.
Неуспешните луѓе: ги критикуваат другите без основа.

Успешните луѓе: знаат како да простат.
Неуспешните луѓе: даваат замерки.

Успешните луѓе: живеат во моментот.
Неуспешните луѓе: живеат во минатото.

Успешните луѓе: превземаат одговорност за своите грешки.
Неуспешните луѓе: ги обвинуваат останатите.

Успешните луѓе: делат информации.
Неуспешните луѓе: чуваат тајни.

Успешните луѓе: шират позитивна енергија.
Неуспешните луѓе: шират негативна енергија.

Успешните луѓе: говорат за идеи.
Неуспешните луѓе: ги оговараат другите.

Успешните луѓе: се радуваат кога некој ќе успее.
Неуспешните луѓе: ги превземаат сите заслуги за себе.

Успешните луѓе: секогаш се подготвени за промена.
Неуспешните луѓе: се плашат од промена.

Успешните луѓе: се надеваат дека сите ќе успеат.
Неуспешните луѓе: потајно се надеваат на туѓ неуспех.

Успешните луѓе: го земаат предвид мислењето на другите.
Неуспешните луѓе: гледаат на нештата само од своја перспектива.

Успешните луѓе: си поставуваат цели.
Неуспешните луѓе: не си поставуваат цели.

Успешните луѓе: знаат што сакаат.
Неуспешните луѓе: не знаат што сакаат.

Успешните луѓе: постојано учат нови работи.
Неуспешните луѓе: мислат дека веќе знаат се.

Успешните луѓе: читаат книги.
Неуспешните луѓе: гледаат само ТВ.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk