Здраво тело

САМО ПОЛОВИНА ЧАС ПЕШАЧЕЊЕ ДНЕВНО значително го подобрува здравјето на вашето тело

Секој ден луѓето трошат најмалку половина час за сурфање на интернет, листаат објави на социјалните мрежи или седнати во фотељата и гледаат телевизија. Од друга страна, од само 30 минути пешачење дневно може да имате многу повеќе корист, барем кога здравјето е во прашање.

Еве што ќе се случи со вашето тело доколку секој ден пешачите 30 минути.

  1. Ќе согорите околу 150 калории

Во зависност од теренот и брзината на пешачење, доколку одите пола час ќе согорите околу 150 калории.

  1. Ќе се чувствувате смирено

Одењето опушта дури и ако не сте во природа, туку на прометните и гласни градски улици.

  1. Нозете ќе ви бидат поцврсти

Само 30 минути пешачење дневно е одлично за тонирање на мускулите. Ако покрај секојдневните прошетки одлучите да тренирате два пати неделно, ќе забележите уште подобри резултати.

  1. Можете да ги намалите варикозните вени

Редовното пешачење го намалува појавувањето и болката на варикозните вени, откриваат специјалистите од Клиниката во Кливленд.

  1. Ќе го подобрите метаболизмот

По оброкот не седете пред телевизор и немојте да се одмарате. Триесетминутна прошетка ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе го одржи  шеќерот во крвта во рамките на нормалата.

  1. Можете да завршите многу задачи

При одење можете да го користите вашиот телефон, а тоа значи да ги завршите и бизнис разговорите и да одговорите на електронските пораки или само да му се јавите на семејството и пријателите.

  1. Може да се инспирирате за уште повеќе вежбање

По неколку недели пешачењето ќе ви стане рутина, а првите резултати би можеле да бидат поттик за уште повеќе активности. Пробајте да трчате или возете велосипед, можностите се бесконечни, како што пишува Dnevni avaz.

Write A Comment