Пријателството е една од најубавите работи во меѓучовечките односи, а заљубувањето во најдобриот пријател може да биде едно од најубавите чувства. Многу луѓе сакаат да се венчаат со својот најдобар пријател, но поретки се оние на кои сонот им се остварил.
Заљубени сте во вашиот најдобар пријател и не знаете што да направите?
Постојат две можни сценарија за оваа ситуација и истите подразбираат или да ги искажете вашите чувства…или тоа воопшто да не го направите.
1. Ако не ги искажете вашите чувства – Ова е најчестиот случај. Едноставно, уплашени сте да не изгубите другар и се одлучувате да ги премолчите вашите чувства. Ако ова е случај, ситуацијава е јасна- вашиот пријател или пријателка никогаш нема да дознаат што чувствувате за нив. Тогаш неминовно е да се случи следново: Во животот на вашиот пријател ќе влезе некој со кого емотивно ќе се поврза, а за вас ќе остане недоумница дали тоа можете да го поднесете или не. Ако игнорирањето на фактот дека Вашиот пријател е во љубовна врска, за вас е најдоброто решение, тогаш преиспитајте се и замислете го во туѓа прегратка…нема да ви биде баш пријатно.
Одеднаш, самиот свет ќе почнете да го доживувате на поразличен начин, а деновите кои поминуваат ќе ви стануваат подепресивни. Љубовта е како „мала потреба“. Ако не пружите притисок, истата ќе стане отровна и ќе почне да ве јаде. И самите сме свесни дека понекогаш е подобро да се ослободиме. Потоа се чувствуваме навистина убаво.
2.Ако ги искажете вашите чувства – Ако го изберете ова сценарио, треба да очекувате дека се може да се случи. Тој/таа може истото да го одбие, или прифати. Како и да е, во иднина нема да се каете дека не сте пробале. Ако вашето пријателство е цврсто и длабоко, тогаш бидете сигурни дека ништо нема да го разниша. Посветеноста и довербата се клучните нешта на кои се темели едно пријателство.
