← НАЗАД НА БОЗА

Семејството нуди работа од соништата: бара фотограф кој ќе ги следи во чекор околу светот

Семејството нуди работа од соништата: бара фотограф кој ќе ги следи во чекор околу светот
118 Читања

Звучи како работа од соништата.

Едно семејство од Велика Британија е во потрага по фотограф кој ќе ги следи 12 месеци на патување околу светот и ќе ги забележи незаборавните моменти.

Покрај тоа што ќе му бидат платени трошоците за патување, сместување и храна, овој среќник ќе добие плата од речиси 90.000 евра.

Работата вклучува патување надвор од Велика Британија во траење до три месеци наеднаш.

Оваа работа изненадно се појави, откако претходниот фотограф ја напушти функцијата поради семејни проблеми.

Ова семејство има домови низ цела Европа, Америка, Јужна Америка и Австралија, каде што ќе патуваат и овој пат, а фотографот ќе ги следи во чекор. Во текот на патувањето тој ќе го посети Формула 1 натпреварот во Монако, Њу Орлеанс и Француските Алпи.

Фотографот ќе го следи семејството во текот на една година. Но, кандидатот мора да исполни одредени услови.

Според Daily Mail, кандидатот мора да биде соодветно квалификуван со најмалку пет години фотографирање. Исто така, ќе помине низ ригорозен процес на интервју и ќе биде предмет на целосен скрининг.

Кандидатот ќе помине викенд со семејството, кое ќе му ја даде работата само ако почувствува дека меѓу нив има “вистинска хемија”.

Од него се очекува да работи до 10 часа на ден, а ќе има и 30 дена одмор.

Звучи како работа од соништата, нели?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk