ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100гр шеќер
500мл цеден сок од црвен портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Го ставаме шеќерот во мало тенџере и додаваме 400мл цеден сок од портокал.
Загреваме внимателно, постојано мешајќи, се додека шеќерот не се истопи целосно.
Промешуваме добро и го додаваме останатиот дел од сокот.
На крајот ја замрзнуваме смесата во апаратче за сладолед.
Сервираме во чаша.
