← НАЗАД НА БОЗА

Што вашиот ракопис зборува за вас? (Видео)

Што вашиот ракопис зборува за вас? (Видео)
342 Читања

Начинот на кој пишувате зборува многу за вашата личност. Дали ставате точка над буквите и, како ја прецртувате буквата t, и многу други карактеристики на ракописот ги откриваат вашите особини…

Луѓето се многу различни. Некои се друштвени, а некои асоцијални, некои се зборлести, а некои затворени.

Вашиот ракопис открива какви сте вие:

Доколку пишувате ситно вие сте срамежливи, студиозни и фокусирани.

Крупниот ракопис зборува дека сакате внимание, дека сте друштвени и со големо срце.

Доколку ракописот е со нормална големина тоа значи дека лесно се прилагодувате и се вклопувате во средината во која се наоѓате.

Растојанието помеѓу зборовите исто така зборува за вашите особини:

Големо растојание значи дека уживате во слободата и не сакате ограничувања, не сакате гужва и да бидете преоптеретени.

Збиените реченици значат дека не поднесувате да бидете сами и дека имате тенденција да бидете окружени со премногу луже.

Кога буквите ви се округли и заоблени вие сте уметничка душа и многу сте креативни, додека острите шилести букви означуваат дека сте агресивни и напнати, но и многу интелигентни и радознали.

Ако не ги раздвојувате буквите додека пишувате, и речениците ви се во една линија, вие сте рационални и систематични.

Буквата Т со црта на врвот зборува дека сте полни со самодоверба, оптимистични и амбициозни, а цртата на средина значи дека сте самоуверени и дека се чувствувате пријатно во својата кожа.

И начинот на кој ја пишувате буквата О има свое значење:

Отворено О: зборлести сте, друштвени и многу впечатливи.

Затворно О: затворени сте и интровертни.

Погледнете го видеото и споредете го вашиот ракопис со примерите:

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk