
Секој од нас имал можност да биде во добра или лоша врска и да ги искуси на својата кожа сите убавини на здравиот и сите потешкотии на нездравиот емотивен однос.
Наместо постојано да се преиспитувате, зошто нашата претходна врска не успеала, неопходно е да се фокусираме на иднината, за да ни се случи нова, здрава врска. Вие не можете да го промените минатото, но можете од него да учите и во целост да го смените пристапот кон врската која ве очекува.
Со промената на начинот на размислување че ја привлечете позитивната енергија во новиот однос кој штотуку почнувате да го градите. Постојат некои ситни постапки, кои го гарантираат успехот во емотивниот однос, а можеби уште на почетокот би требало да размислите да започнете да ги применувате и да ја унапредит својата врска.
Среќните парови немаат потреба меѓусебно да се натпреваруваат, ниту да покажуваат сила кога станува збор за егото. Тие се чувствуваат сосема рамноправно во својата врска и секој предизвик заедно го надминуваат.
Доколку сакате вашата врска да успее, морате да бодете способни да ја видите и да ја почувствувате љубовта, насекаде околу себе. Тоа значи дека ги спуштивте ѕидовите и дека конечно сте подготвени да ви се случи љубов!
