Free zone

Ситници кои не би требало да ги заборавите кога одите на плажа

Никој од нас не оди на плажа без пешкир, крема за сончање и очила за сонце. Сепак, постојат некои работи на кои ќе се сетите дури на плажата, бидејќи токму во тој момент ви затребале.

 

Овие работи може добро да ви дојдат на плажа, па затоа би било убаво да ги имате при рака:

 

Книга / весник – одлична работа за релаксација, дава можност за избегате од реалниот свет.

 

Слушалки – слично како и книга, слушалки секогаш доаѓаат добро за да се опуштите на плажата,  да легнете на пешкирот и да уживате во сонцето. Ако сте сами на плажа, опуштете се покрај омилената радио станица.

 

Резервен костим за капење – не е добро да бидете долго во влажен костум за капење, затоа резервниот е секогаш добро дојден. Ако сонцето е многу жешко, нема да имате проблем бидејќи ќе се исушите за момент, но кога времето е малку променливо, добро е да носите уште еден да може да го смените.

 

Вода / храна – ако во близина на плажата имате продавница тогаш немате проблем, но ако летувате на поизолирано место каде што имате привилегија за мирно уживање, би било добро да понесете барем едно шише вода и малку храна.

 

Напиши коментар