Колекцијата Hugo Boss совршено ги таргетира потребите на луѓето кои „престануваат да постојат“, ако не направат selfie.
Замислете, си купувате некое дизајнерско парче, а потоа „распалувате“ selfie пред огледалото … и имате фотографија на која логото на брендот е наопаку … Ужас.
Па, официјалните претставници на Boss имаа разбирање, и ја лансираа колекција за Instagram генерацијата: логото е напишано од десно кон лево, така што selfie-јата изгледаат со-вр-ше-но!
Што ќе ви е фотографија, ако не можат баш сите да дознаат што сте облекле, нели?
Мини колекцијата се состои од модели за жени и мажи, маици, дуксери, џемпери, капи и хеланки, најчесто во црна или бела боја:
