Среќата во животот зависи од многу работи, една од нив е – количеството на спиење, покажува најновото истражување.
Имено, постои силна врска помеѓу количината на сон и среќата, што е веќе докажана од многу истражувања. Во едно истажување биле испитани повеќе од 2000 испитаници.
Резултатите се следните:
Целосно среќени – седум часа и шест минути спиење
Претежно среќени – седум часа спиење
Најчесто среќени – шест часа и 54 минути спиење
Не се премногу среќени – шест часа и 48 минути спиење
Резултатите може да звучат бесмислено, бидејќи се работи за навидум мали разлики, но ве повикуваме да го потврдите на наједноставен можен начин – ваш сопствен експеримент.