Одличен предлог за денешното мени. Суфлакито обично се спрема со пилешко или свинско месо така што се сецка и реди на стапчиња, но може и да се послужи во лепче.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* пилешки стек
* маринирани шампињони
* лебни трошки
* кари, бибер, буковец, готов зачин за пица
* домати
* млад кромид
* лук во прав
* павлака
* лебче
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Стекот исецкајте го на коцки и пржете го на загреано масло. Кога ќе биде на половина од спремањето доставете му ги сецканите шампињони, и продолжете со пржење. Потоа додајте го зачинот за пица, биберот и карито. Пред самиот крај додајте и една лажица лебни трошки. Мешајте цело време. На крајот додајте го буковецот, кој по желба може и да биде лут.
На лепчето намачкајте павлака во која ставивте малку лук во прав. Потоа ставете го место, па доматите и одозгора исецканиот млад кромид. Свиткајте го лепчето.
