Новости

Том Круз не ја видел својата ќерка пет години!

Актерот е последен пат виден со својата ќерка во 2012 година кога ја одвел во забавен парк. Неговите пријатели велат дека верата и кариерата му се поважни од ќерката.

Актерскиот пар Том Круз (55) и Кејти Холмс (39) се разведени од 2012 – та година, а разводот најмногу влијаел врз нивната зедничка ќерка Сури (11). Пријателите на Кејти велат дека Том ја нема видено својата ќерка дури пет години.

https://www.instagram.com/p/BYdordhlS77/?utm_source=ig_embed

Сури веќе подолго време се прашува зошто нејзиниот татко не сака да ја види. По разводот со нејзината мајка, актерот продолжил да членува во верското движење саентологија, кое на Холмс никогаш не и се допаѓало.

Том се потрудил информациите за неговиот приватен живот повеќе да не доаѓаат до јавноста. Никогаш не би ризикувал да ги прекрши правилата на саентолошката црква – објаснува пријател на Круз. Додава дека на актерот освен верата, особено му е важна и кариерата, а ќерката доаѓа на ред потоа и нема време да и се посвети.

Кога го запрашале дали мисли дека Сури ги наследила неговите актерски гени, дал неодреден одговор. „Никогаш не се знае“ – одговорил Круз.

 

Write A Comment