Новата генерација, се чини дека како и во сè друго, така и во забавувањето воведе нови навики. Некои од овие навики се привлечни, а некои се многу чудни и неприфатливи. Еве кои се тие:
- Паровите буквално се натпреваруваат за тоа кој ќе биде доминантен во врската
Ова е 21 век и сите веруваме во еднаквоста. Сепак, се чини дека современите двојки, особено на почетокот на врската, ја изгубиле свеста за еднаквост. Посебно важно им е да се докажуваат кој е подоминантен. И додека се натпреваруваат, не можат да доживеат пеперутки во стомакот и на тој начин не дозволуваат љубовта едноставно да се случи.
- Дозволуваат социјалните мрежи да им влијаат на врската
Не ја сметаат врската за успешна ако не ја споделиле со светот преку социјалните мрежи. Емотивната интима порано беше од клучно значење за една врска, а денес модерно е да останеме без неа. Се чини дека на младите двојки најважно им е да му покажат на светот дека се во среќна врска, а колку тоа вистински се случува е главното прашање.
- Слатките зборови што некогаш биле користени денес се заменети со емотикони
Убавите зборови станаа старомодни за новата генерација. Денес, чувствата се искажуваат со широкиот спектар на емотикони, смајлиња и слични стикери. Новите парови се усовршиле во размената на емоции на ваков начин, на кој комплетно се разбираат. Но, зарем понекогаш не треба да кажете нешто искрено и длабоко во врска со вашите чувства?
Овие чудни навики, двојки на новата генерација, потполно ја потиснуваат романтиката и додворувањето, а првото прашање што се поставува е: Може ли вистинската љубов да се развие од таков оскуден однос?