Здраво тело

Уникатен рецепт против кашлица со борови врвчиња

Докажано е дека боровиот мед е лековит производ кој помага при прочистување и слабеење на кашлицата од секаков тип. Затоа е добро кога вие или вашето дете почнете да кашлате, да земете мед од борови врвчиња, кој можете сами да си го приготвите.

За една доза боров мед за кашлица ви требаат:

Врвчиња од бел бор – 50 парчиња

Вода – 4 литри

Шеќер – 2кг

Лимонтус – 10гр

Измиените борови врвчиња се ставаат да се варат во вода, додека таа остане на половина.

Потоа смесата се цеди и се става по килограм шеќер на литар. Се вари додека течноста се згусне. Конечно се става лимонтусот – на 1кг шеќер – 5гр. Се истура во тегли, добро се затвора и се чува на ладно.

Write A Comment