Сместен помеѓу раскошните дрвја во идиличен крај од Беверли Хилс, прекрасниот дом претставува приватна семејна оаза во која што секој може да го пронајде својот мир, па токму затоа, овој дом важи и за еден од најубавите во тој крај.
Околното високо и драматично зеленило на домот му даваат своевидна природна приватност, па оттаму доаѓа и исклучителната атрактивност на имотот. Сосема доволен е и само еден единствен поглед за да се сфати дека станува збор за стилски уреден дом, со огромно внимание посветено на деталите.
Блескавите порцелански плочки и деталите изработени од бразилски орев во дневната соба само ја дополнуваат совршената слика на оваа просторија, заедно со 24 метарскиот бетонски камин и бар направен од ореово дрво, идеален за семејните забави.
Исклучително интересен детаљ е и самото “продолжение” на дневната соба, односно пространата тераса.
Станува збор за енергетски ефикасен дом во рамките на кој посебна приказна за себе е и главната спална соба, во која што се сместени и спа кадата и порцеланскиот туш.
Прекрасни простории се и трпезаријата, кујната и дополнителните спални соби. Кујната е пространа оаза во која што се сместени најквалитетните апарати за домаќинство и при изработката на елементите, користени се врвни материјали кои што гарантираат квалитет и долготрајност.
Вториот кат од овој прекрасен дом се состои од галерија, канцеларија и соба за забава, како и две дополнителни спални соби со бања.
Во надворешноста, сопствениците можат да уживаат во максималната приватност и релаксирачката атмосфера покрај базенот. Она што е можеби “проблем” е податокот дека во оваа убавина може да ужива само оној кој може да издвои 6,9 милиони долари за купување на бајковитиот имот.





















